Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2014

Ван Бастен го презема АЗ Алкмар

Легендарниот напаѓач и поранешен холандски селектор, Марко ван Бастен, следните две години ќе го води АЗ Алкмар.

Ван Бастен на клупата на холандскиот прволигаш ќе го замени Дик Адвокат кој најави заминување од клубот.
Поранешниот напаѓач на Ајакс и Милан на крајот на сезоната ќе го напушти Херенвен, а соработката со клубот од Алкмар ќе се официјализира следната седмица, пренесе агенцијата Ројтерс.
Пред Херенвен Ван Бастен ги водеше Ајакс и холандската репрезентација. За време на играчката кариера освои три титули шампион на Европа со Милан, а со Ајакс има трофеј во Купот на победниците на купови.


Најнови вести