Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2012

Ван Нилстерој ја заврши кариерата

Холанѓанецот Руд ван Нистелрој, еден од најдобрите голгетери во последната деценија, соопшти дека става крај на професионалната кариера.

Напаѓачот кој од минатата сезона играше за Малага во Шпанија има триесет и пет години, а врвот во својата кариера го достигна носејќи го дресот на Манчестер јунајтед од 2001 до 2006 година, како и во Реал Мадрид во периодот од 2006 до 2010 година.
Во текот на својата деветнаесетгодишна кариера играше уште и за Ден Бош, Херенвен, ПСВ и Хамбургер, и на 598 натпревари постигна 347 голови.
За репрезентацијата на Холандија дресот го облекол на седумдесет натпревари и притоа триесет и пет пати успеал да се запише во листата на стрелците.

Најнови вести