Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2018

Маратонска сабота: Цел ден дерби мечеви низ Европа

Анализи, предлози, статистики... Вистински предизвик за типување и за гледање

Со почетокот на викендот започнуваат и главните фудбалски возбудувања ширум Европа. Сепак, како ретко кога се случува тоа што не очекува денеска. Речиси во текот на целиот ден ќе има натпревари кои се вистински дерби дуели и средби кои ќе предизвикаат големо внимание.

Вест Хем – Манчестер јунајтед (13:30 ч.)

Маратонската сабота како за загревање ќе започне со дуелот од Премиер лигата меѓу Вест хем и Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека на ова гостување во Лондон, ќе се вратат во вистински ритам, посебно по елиминацијата од Лига купот од второлигашот Дерби.
Ќе биде интересно да се види како ќе се однесуваат Жозе Мурињо и Пол Погба и дали тимот повторно може да настрада поради нивната нетрпеливост. Манчестер дава и прима голови, а „чеканите“ веќе се со двоцифрен број на примени погодоци.

Предлог тип: ГГ (1.74)

Рома – Лацио (15:00 ч.)

Поради сигурносни причини, веќе стандардно стана големото дерби на Рим, меѓу Рома и Лацио да се игра во денски термин. Набојот на трибините е намален, но затоа на теренот се игра со иста жар како порано.
Фактот дека Рома е домаќин, не дава некоја предност за „волчицата“. Лацио е една од петте екипи кои сезонава уште немаат реми, па можеби градското дерби ќе биде добро место за првиот „икс“.

Предлог тип: Х (3.40)

Барселона – Атлетик Билбао (16:15 ч.)

Барселона дефинитивно е во мини криза. Актуелниот првак на Шпанија на последните два меча освои само еден бод, но и покрај тоа е лидер во Примера дивисион. Каталонците имаат проблем со одбраната, па и екипа како Леганес успеа за помалку од 70 секунди да даде два гола.
Се очекува на овој дуел против ривалот од Билбао, Барселона да ја подобри играта во дефанзива, но фактот дека на последните неколку средби испаѓа дека има барем по еден гол во двете полувремиња, најсигурна е играта на погодоци.

Предлог тип: 1-3 ПП.& 1-3 ВП. (1.72)

Хајдук – Динамо (16:30 ч.)

Вечното хрватско дерби се игра на „Пољуд“. Далматинците секогаш знаеле да направат фантастична атмосфера кога им гостува најголемиот ривал. Поддршката од трибините дефинитивно нема да изостане, но прашање колку е квалитетот на домаќините за да парираат на „модрите“.
Динамо има шест победи и две реми во осум кола, а Хајдук се радуваше само два пати досега. Доброто за домаќините е што ги добија токму последните две средби и во дербито влегуваат со поправена самодоверба. Сепак, прашање е колку ќе може да му парираат на шампионот.

Предлог тип 2 (2.15)

Јувентус – Наполи (18:00 ч.)

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри неодамна изјави дека Наполи ќе биде најголемиот ривал на Јувентус во трката за титулата. Сепак, фактот дека „старата дама“ доминира во изминативе седум години во Серија А, покажува кој е главен фаворит.
Кошта, Хедира и Де Шиљо нема да играат за Јувентус, но тоа не треба да е голем проблем за тимот кој има многу квалитетни поединци. Кристијано Роналдо ќе го има првото дерби како предизвик да покаже дека може да биде главен на теренот.

Предлог тип: ГГ3+ (2.45)

Челзи – Ливерпул (18:30 ч.)

За само неколку дена повторна средба на овие ривали. Челзи ја доби првата битка. Победи на „Енфилд Роуд“ во дуел од Лига Купот. Да биде посладок триумфот на лондончани, тој дојде со пресврт. Ливерпул водеше, но потоа за Челзи во игра влезе Еден Азар и направи целосен пресврт.
На тој меч, двата тима не беа во најсилните состави, како што ќе биде денеска. Челси ако успеа да победи на гости, сега нема причина да не може да остане барем непоразен на свој терен.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.35)

Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд (18:30 ч.)

По синоќешниот пораз на Баерн Минхен на гости кај Херта, екипата на Борусија има дополнителен мотив на гостувањето во Леверкузен. „Милионерите“ со евентуален триумф ќе се искачат на врвот на табелата пред Баерн.
Сепак, тоа ќе биде тешко остварливо, ако се знае дека Леверкузен секогаш е „жешко“ место за противниците. „Фармацевтите“ сезонава имаат проблем со реализацијата, но дерби меч е момент на инспирација, па затоа е најдобро да се типува на голови.

Предлог тип: 2-4 (1.52)

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид (20:45 ч.)

Маратонската сабота со интересни дуели ќе заврши во Мадрид. Градот на европскиот првак е домаќин на месните ривали Реал и Атлетико. Двата клуба во сосема различно расположение го очекуваат мечот. Реал загуби со 3:0 на гости кај Севилја, а Атлетико со истиот резултат се радуваше во минатото коло.
Локалните дуели често знаат да бидат тврди и двата тима повеќе да мислат на својот, отколку на противничкиот гол.

Предлог тип: 0-2 (1.95)

 

Најнови вести