Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2018

Марсело затаи данок од 400 илјади евра, ќе плати 750 илјади глоба

Бекот на Реал Мадрид, Марсело, е еден од низата играчи на Кралскиот клуб што затајувал данок, а ќе плати речиси двојно повеќе глоба од парите што „заборавил“ да ѝ ги плати на државата.

Марсело е еден од низата играчи на Реал Мадрид што затајувал данок, и тоа во висина од 400 илјади евра, а како глоба ќе плати речиси двојно повеќе. Бекот на Реал Мадрид и на  бразилската репрезентација се спогоди со државата Шпанија да плати 750 илјади евра за да не заврши зад решетки.
Пред него и Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но и уште неколку познати фудбалери од Ла Лига имаа проблем и со законот, односно со затајување на данок.
Ваквиот прекршок строго се казнува, дури вообичаено е да се оди и во затвор, но играчите успеаваа да се договорат со шпанските судови.

 

Најнови вести