Корисничко име Лозинка Пријави се

Политика за користење на колачиња

Секој корисник при посета или најава, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

Сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за анализа и обработка на тикет системот и производи и услуги обезбедени од Наша страна и притоа ќе бидете известени за истото доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата ги издвојуваме:

  • Име и презиме
  • адреса на е-пошта
  • телефон за контакт

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

Спорт-Лаиф Трејд го задржува правото да ги користи IP адресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе се прекине интернет-врската), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.  

 

Зошто користиме колачиња (cookies)? 

На нашата интернет-страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.
  • Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

 

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

 

Каков вид на колачиња (cookies) користиме? 

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

 

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

 Повеќето прелистувачи стандардно ги прифаќаат „колачињата“, но можете да ги промените поставките на прелистувачот, така што тој нема да прифаќа „колачиња“ или ќе ги избрише „колачињата“ од Вашиот систем. Повеќето прелистувачи овозможуваат „приватен“ режим, каде што „колачињата“ се бришат по секоја посета.

 Во зависност од тоа кој прелистувач го користите, поставките имаат различно име, а подолу можете да ги најдете најчестите прелистувачи и „приватни“ режими: 

 

  • Internet Explorer 8 и понови верзии; Приватно пребарување (In private);
  • Firefox 3.5 и понови верзии; Приватно пребарување;
  • Google Chrome 10 и подоцнежни верзии; Инкогнито;  
  • Safari 2 и понови верзии; Приватно пребарување;  
  • Opera 10,5 и подоцнежни верзии; Приватно пребарување.

 Ве молиме, внимателно прочитајте го делот за помош кај Вашиот прелистувач за повеќе информации за тоа како да поставите „приватен“ режим или како да ги избришете „колачињата“. Сè уште можете да ја посетите нашата интернет-страница, иако Вашиот прелистувач е во „приватен“ режим, но искуството на корисникот, можеби, не е оптимално и некои функции можеби не функционираат.