Корисничко име Лозинка Пријави се

Вработувања и човечки ресурси
Љубителите на спортот и пасионираните обложувачи ги опслужуваат преку 600 постојани или привремени соработници.

Во Sport Life обложувалници е вработен одлично обучен кадар во повеќе области, и сите дејности (новинарски, издавачки, обложувачки, услужни). Сите операции се опслужуваат од сопствени кадри (благајници, букмејкери, менаџери, телетекст оператори, графички дизајнери, програмери, оперативци, менаџери, итн.). Компанијата, иако соработува често со надворешни соработници, е потполно независна.

Вработување
Ние ги цениме нашите вработени, бидејќи сме убедени дека тим од стручни, посветени и способни кадри се клуч на успешно работење на секоја компанија.

Вработуваме оператори

Работни обврски:

  • Внес на тикети во софтверскиот систем
  • Исплата на добитни тикети
  • Извршување на административни задолженија поврзани со тековното работење

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Основно познавање на компјутери
  • Со или без работно искуство

Личен профил:

  • Способност за работа во тим
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Одлични комуникациски способности
  • Одговорност и посветеност на работата

Ние нудиме:

  • Редовни месечни примања и бонуси за успешна работа
  • Загарантиран годишен одмор
  • Стабилност со одлична можност за напредок
  • Уникатно искуство во областа на спортот и забавна работна атмосфера
  • Бенефити за наши вработени (подароци за новороденчиња, ваучери за патување, попусти во продажни места со коишто имаме остварено соработка)
  • Тим билдинг настани