Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2018

Лопетеги не се плаши од отказ, има поддршка од управата

Иднината на предводникот на „кралевите“ е ставена под знак прашалник по слабите резултати во измнатиов период, но тој не мисли така

Во пресрет на дуелот против Леванте на нашиот Енис Барди, тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, вели дека не чувствува никаков притисок дека ќе ја изгуби работата, иако „кралевите“ во изминатиов период редат негативни резултати.

Пред неколку дена од Шпанија произлегоа информации дека Антонио Конте се согласил да седне на клупата на актуелниот европски првак, но ексселекторот на „црвената фурија“ смета дека нема да добие отказ во овој период.

„Информациите околу мојата иднина во Мадрид се само пшекулации, ништо повеќе. Не чувствувам никаков притисок, ниту страв дека ќе добијам отказ. Нема сомнежи дека управата стои зад мене, целосно ме поддржува, но како тренер на Реал Мадрид, морам да се помирам со фактот дека вакви гласини секогаш ќе има. Јас сум смирен и фокусиран на мојата работа, на такви шпекулации не обрнувам внимание бидејќи тоа нема да ни помогне на освоиме три бода против Леванте“, истакна Лопетеги.

Натпреварот Реал Мадрид – Леванте е предвиден како прва средба од утрешната програма во шпанското првенство, со почеток од 13 часот.

Најнови вести