Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Зидан ја откри „формулата“ како се освоени трите титули во ЛШ

Францускиот стратег е перфектен во елитното натпреварување на УЕФА

Зинедин Зидан е тренерот кој успеа да освои три титули во Лигата на шампионите за само две и пол години поминати на клупата на Реал Мадрид. Со Зизу како предводник, Реал не загуби ниту еден двомеч во нокаут-фазата, а кога се играше финалето, Реал беше тимот кој се радуваше на трофејот. 
По завршување на ланската сезона, Зидан изненадувачки реши да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, а причина беше недоразбирањето со претседателот на клубот, Флорентино Перес. Сега, откако не е во Реал, Зидан може да ја открие „формулата“ која му донесе три титули европски првак. 
„На средината на теренот беа Модриќ, Крос и Каземиро. Од Модриќ и Крос барав да играат одбрана така што ќе одат длабоко на половината на противникот, со што ќе можеме да им го скратиме просторот. За тоа време Каземиро беше зад нив и постојано беше нивна поткрепа. На тој начин се создаваше рамнотежа на средината на теренот. Тоа беше клучот на нашата игра на средината на теренот“, вели Зидан, кој сега е без работа. 
За Зидан интерес покажува англискиот гигант Манчестер јунајтед, кој би го довел францускиот стратег доколку од клупата си замине Жозе Мурињо.

 

Најнови вести