Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2018

Хет-трик на Нејмар, катастрофа на Црвена Ѕвезда, победа на Шалке 04

Бразилецот Нејмар беше главна фигура во Париз и со хет-трик го предводеше ПСЖ до триумф од 6:1 против Црвена Ѕвезда

Напаѓачите на Пари Сен Жермен беа расположени за голови, сите дадоа најмалку еден за победа од 6:1 против Црвена Ѕвезда. Вечерва блескаше Нејмар со хет-трик и со два прекрасни голови од слободен удар. По еден погодок си запишаа и Кавани, Ди Марија и Мбапе.
Почесниот погодок за Црвена Ѕвезда, прв во ЛШ по 26 години го постигна Марко Марин.
Во последен момент во Москва се разбуди германскиот Шалке 04 и со голот на Вестон МекКени во 88. минута победи со 1:0.

Најнови вести