Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2018

Тежок удар за Франција: Карабатиќ го пропушта Светското првенство

Најдобриот ракометар на „триколорите“ нема да настапи на светскиот ракометен собир во Германија и Данска

Еден од најдобрите светски ракометари, Никола Карабатиќ, ќе го пропушти Светското првенство кое се игра во Германија и Данска на почетокот од следната година. Ракометарот на ПСЖ веќе подолго време се мачи со повреда на десното стапало, па затоа мора да оди на операција поради која ќе биде надвор од терените најмалку четири месеци.

Раул Гонзалез често го оставаше Карабатиќ на клупата за резерви токму поради оваа повреда, а сега нема да биде во можност да помогне на својот национален состав во одбрана на титулата која ја освоија пред две години на домашен терен. Се очекува да биде подготвен во февруари за завршницата во Лигата на шампионите, известуваат француските медиуми.

Најнови вести