Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Двајца играчи „ин“, двајца „аут“ од ПСЖ

„Светците“ активни и во последниот ден од летниот преоден рок во Европа

Францускиот шампион ПСЖ ангажираше двајца нови играчи во последниот ден од преодниот рок во Европа. Пристигна засилување на левата бековска позиција, од Баерн Минхен дојде Хуан Бернат за 15 милиони евра, додека второто засилување доаѓа како големо изненадување. Станува збор за Максим Чупо–Мотинг, напаѓачот на Стоук, ангажман кој треба да претставува замена за Единсон Кавани.

Воедно, ПСЖ се ослободи од Кевин Трап, кој замина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, со можност следната година трансферот да стане перманентен. На позајмица замина и Џовани Ло Селсо, фудбалерот за врска кој минатата сезона добиваше шанса од тренерот Унаи Емери, но истата доверба не ја доби од Тухел. Аргентинецот ќе игра за тимот на Бетис до крајот на оваа сезона.

Најнови вести