Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2018

Италијанците без Балотели ќе атакуваат на Португалија

Напаѓачот на Ница имаше ужасен настап против Полска, по што следуваше лавина од негативни коментари, а поради повреда, нема да добие шанса да го поправи впечатокот.

Марио Балотели по подолго време, се врати во репрезентацијата на Италија, но немаше „камбек“ каков што очекуваше. „Аѕурите“ спасија глава против Полска (1-1), додека Балотели одигра многу под неговото ниво. Репрезентативната пауза за него продолжува во надолна линија, откако поради повреда на листот е повлечен од составот и нема да настапи вечерва против актуелниот европски шампион Португалија.

Напаѓачот е седмиот репрезенттивец кој поради повреда нема да биде на располагање кај Манчини, на трибините ќе им се прикчучи на Кранго, Ругани, Заниоло, Бираги, Запакоста и Пелегрини.

Познато е дека Португалија ќе биде без својот капитен Кристијано Роналдо, кој претходно ѝ соопшти на Португалската федерација дека нема да настапи на овој циклус од Лигата на нациите со цел да се фокусира кон подобрување на формата во Јувентус.

Најнови вести