Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2018

Заеднички потфат на големите ривали – Интер и Милан ќе градат ултрамодерен стадион

Големите градски ривали Милан и Интер планираат да го реновираат градскиот стадион во Милано, а идејата е делумно да се искористи моделот на Јувентус.

Градскиот стадион во Милано најверојатно ќе се реновира, односно ќе се претвори во ултрамодерен стадион, а услов за да се реализира заедничката идеа на големите градски ривали Интер и Милан е локалните власти да се согласат да им го изнајмат стадионот на подолг период.
„Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ треба да се реновираат, па конкурентите одлучија да соработуваат. Засега нема најава од градските власти на Милано дали ќе го прифатат заедничкиот проект на Интер и Милан, но идејата е да се копира моделот од Торино, односно реализацијата на Јувентус.
„Старата дама“ ја изгради супер модерната „Алијанц арена“ во копродукција со градските власти.

 

Најнови вести