Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2018

Гатузо е спасен, Милан победи против Сасуоло

По три нерешени дуели, „росонерите“ конечно се радуваа на победа

Милан триумфално помина на гостувањето кај Сасуоло, откако некогашниот италијански и европски првак славеше со 4:1., во седмото коло од италијанската Серија А. За Милан ова е само втора победа сезонава, но е остварена на теренот на Сасуоло, кој имаше перфектен старт од три победи на свој терен.
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо беше под притисок дека неговиот тим мора да победи. Кеси погоди за водство на гостите во 39 минута, а Сусо во 50 зголеми на 2:0 и најави дека трите бода ќе заминат за Милано. Кастелјо погоди за 3:0, а почесниот гол за Сасуоло го даде Ѓурчиќ во 68 минута. Конечниот резултат од 4:1 е дело на Сусо во 95 минута.
Милан сега има 9 бода и е на 10 место на табелата, но треба да го одигра и одложениот меч против Џенова.

Најнови вести