Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Халиловиќ уште не заиграл за Милан, а веќе сака да си оди

Хрватскиот интернационалец летово пристигна на „Сан Сиро“ како слободен играч

Играчот за врска на Милан, Ален Халиловиќ, сака да го напушти клубот само по неполни три месеци откако потпиша договор со „росонерите“. Главна причина за неговото незадоволство во клубот е поради двете последни засилувања, Диего Лаксалт и Саму Кастилјехо.

Халиловиќ смета дека покрај овие двајца фудбалери ќе добива многу мала минутажа, па неговите претставници веќе започнале преговори со два шпански прволигаши, Хирона и Еспањол.

Дваесет и двегодишниот фудбалер ќе може да се пресели во друг клуб само ако не запише официјален настап за Милан, бидејќи правилото гласи дека еден играч не може да игра за повеќе од два клуба во една година. Халиловиќ до минатата сезона настапуваше за екипата на Лас Палмас како позајмен играч од германски Хамбургер.

Најнови вести