Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2018

Лихтенштајн е како создаден за Македонија да се радува

Овој ривал го имаме победено со историските 11:1, а денес доволно е и минимално да се радуваме

Македонија едноставно не можеше да посака подобар ривал за да го прослави јубилејот 25 години од првиот одигран меч. Лихтенштајн е селекцијата против која Македонија има создадено позитивна историја.
Досега имаме одиграно седум натпревари против Лихтенштајн, а сме се радувале на шест победи, додека само еден натпревар завршил нерешено. Противникот никогаш не триумфирал. Против ниту еден друг тим немаме подобар биланс. Дури и гол разликата е неверојатно позитивна за „црвено-жолтите“, а тоа е најмногу благодарение на историската победа од 11:1.
Триумфот кој засекогаш ќе го памтиме против Лихтенштајн е на дуелот кој се одигра на 9 ноември 1996 година. Во квалификациите за пласман на СП 1998 година, на гостински терен Македонија се радуваше на највисоката победа во 25-годишната историја. Победата од 11:1 останува рекордна за Македонија, но и една од најголемите во европските квалификации. Стрелци на тој меч беа: Дејви Главевски во 8мин., 12′, 60′, Ѓорѓи Христов 23′, Митко Стојковски 30′, 43′, Тони Мицевски 45′, 49′, Саша Ќириќ 53′, 87′ и Ванчо Мицевски во 90 минута од средбата.
Сега на Македонија не и треба толку убедлив триумф. Најважно е да се освојат трите бода и да се продолжи победничката низа во Лигата на нации. По два одиграни меча, Македонија е лидер со шест бода. Нови три бода ќе значи чекор поблиску на нашата кон обидот да се стигне на Европското првенство во 2020 година

Најнови вести