Корисничко име Лозинка Пријави се
11.10.2018

Време е за Лигата на Нации: Европскиот првак со тежок предизвик кај Полјаците

Седум средби се играат вечерва, а во следните неколку дена ќе има уште многу возбудувања во новото натпреварување на УЕФА

Португалија покажа дека и без Кристијано Роналдо може да победува, откако во првиот меч од Лигата на Нации славеше против Италија. Актуелниот европски првак вечерва го очекува нов предизвик. Гостува кај Полска, во второто коло од група 3 во А сегментот.
Полска успеа да извади 1:1 на гости кај Италија и сега оптимистички верува дека пред своите навивачи може да ја победи Португалија без Роналдо во составот. Можеби го нема Кристијано, но гостите сепак во силен состав ќе настапат, со Бернардо Силва и Рубен Навас. Кај домаќините главен адут е Роберт Левандовски.
Последните три средби меѓу овие две селекции завршиле нерешено, па многу можно е оваа традиција и да продолжи. Вкупно имаат одиграно 11 средби на кои Португалија победила на четири дуели, Полска се радувала три пати, а четири мечеви завршиле без победник. Вечерва тоа ќе биде единствниот дуел од А сегментот во Лигата на нации.
Во останатите денешни средби: Русија е домаќин на Шведска, Израел игра против Шкотска, Литванија против своите навивачи ќе се сретне со Романија, а дербито е меѓу Црна Гора и Србија. Во Д сегментот, кој е најнеатрактивен ќе играат: Фарски Острови – Азербејџан и Косово – Малта.

Најнови вести