Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2018

Перез: Роналдо еден ден ќе се врати во Реал Мадрид

Тој е наследник на Ди Стефано, вели првиот човек на „кралскиот клуб“

Иако по девет години поминати на „Сантијаго Бернабеу“, Кристијано Роналдо реши да си замине од Реал Мадрид, нивната врска е нераскинлива. Португалецот имаше недоразбирања со претседателот на клубот, Флорентино Перез, па откако не доби зголемување на платата, реши да потпише за Јувентус. Сега, токму Перез уверува дека местото на Роналдо е во Реал.
„Роналдо е наследник на Ди Стефано и еден ден ќе се врати во Реал Мадрид. Во тоа сум сигурен“, вели претседателот на Реал Мадрид, Перез.
Во текот на деветте години поминати во Реал, Роналдо направи неверојатна работа. Стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 451 погодок, со просек повеќе од еден гол на средба. Меѓу многуте трофеи кои ги освои, најзначајни  се четирите титули во Лигата на шампиони.

Најнови вести