Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2018

Нема што нема во новиот авион на Реал Мадрид

Првокласното луксузно чудо на „Флај Емирејтс“ вреди 340 милиони фунти, а собира 525 патници.

Авионот со кој ќе се превезуваат фудбалерите на Реал Мадрид на гостувањата од Лигата на шампионите, а според фотографиите и податоците, станува збор за вистинско чудо. Овој „Ербас А380“ е најголемиот авион на светот, меѓу оние што се во сериско производство. Цената е околу 340 милиони фунти.

Леталото има многу соби, во кои има кревети, туш кабини, лавабоа, таблети, телевизори со 2.500 канали, и огромен бар во кој има само безалкохолни пијалоци.

Договорот на Реал со компанијата од Обединетите Арапски Емирати кој беше потпишан пред пет години, е 62 милиони фунти годишно, па затоа и не треба да чуди што клубот доби врвни услови. Покрај европскиот првак, договори со истиот спонзор имаат и Арсенал и ПСЖ.

Најнови вести