Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Лопетеги има специјален план за Марсело

Хулен Лопетеги ќе има малку фудбалери на располагање за тренизите на Реал Мадрид, а меѓу нив е бекот Марсело и за него тренерот на Кралскиот клуб има специјален план

Марсело конечно ќе има малку подолга пауза, бидејќи нема обврски во селекцијата на Бразил, а за него тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги подготви специјален план за тренинзи во периодот кога е пауза за репрезентативните акции.
Кај Марсело се чувствува заморот од напорните сезони во серија со Реал Мадрид и со селекцијата на  Бразил, па 3-4 лета имаше малку време за одмор и рехабилитација. Реал Мадрид трипати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите, што бара посебен напор, а Марсело е еден од ретките што играше постојано во походот на хет-трикот во Европа.
Лопетеги го брани Марсело по бавниот старт на сезоната на бекот на Реал Мадрид, кој ќе тренира по посебна програма во следниот период, до продолжението на шпанското првенство.

 

Најнови вести