Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2018

Лопетеги по „Ел Класико“ ќе добие отказ, а во Реал доаѓа Конте?

Доколку „кралскиот клуб“ го загуби дербито од Барселона очекувано е да има смена на клупата на тимот од „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид и Барселона се во криза. Двата тима имаат само по една победа во последните пет меча, па тоа го искористи Севилја која е новиот лидер во Примера дивисион. Барселона падна на второто место, додека Реал Мадрид е на четвртата позиција на табелата.
Покрај проблемот со победите, Реал има проблем и со реализацијата. „Кралскиот клуб“ веќе 409 минути е без даден гол, што е најлоша низа во последните 30 години. Се поизвесно е дека доколку не се смени нешто во играта на Реал, тогаш ќе има смена на клупата каде е Хулен Лопетеги. Најавите се дека челниците на Реал имаат се помалку толеранција поради слабите резултати и дека главен испит за Лопетеги ќе биде дербито против Барселона.
Популарното „Ел Класико“ ќе се игра на 28 октомври на „Камп Ноу“. Доколку Реал го загуби овој меч, тоа може да значи и крај за него на клупата на Реал. Уште сега се шпекулира дека во Реал го пикирале Антонио Конте за наследник на Лопетеги.

Најнови вести