Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2018

Вистинските Данци се вратија и го декласираа Велс

Стандардните дански репрезентативци се вратија во составот по штрајкот и во меч од Лигата Нации го декласираа Велс

Штрајкот на данските репрезентативци и не излезе толку лошо решение за нив, стадндардните играчи експресно се вратија на терен и го декласираа Велс со 2:0.
Во меч од Лигата на Нации со двата гола на Кристијан Ериксен Данска го победи Велс и триумфално ги почна натпреварите во четвртата група од Б Сегментот.
Претходно неделава данските репрезентативци го бојкотираа пријателскиот меч со Словачка, поради несогласување со челните луѓе на федерацијата, па нивните замени, односно играчи од пониските дански лиги, преку ноќ станаа репрезентативци. Тие беа декласирани со 0:3 од Словаците, но денеска приказната беше сосема поинаква. „Вистинските“ Данци излегоа на терен и лесно ги надиграа Бејл и соиграчите.
Во истиот Б Сегмент денеска Украина со 1:0 ја победи Словачка и сега има шест бода, пред двете поранешни братски Републики, Словачка и Чешка, кои се без бодови.
Бугарија со 1:0  ја победи Норвешка во Ц Сегментот и има исто како и Украина шест бодови на в рвот на табелата.

 

Најнови вести