Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2018

Минасјан: Македонија имаше две и пол шанси и ни даде два гола

Македонија не не изненади и смислено има го оставивме поседот на топката на домаќините, но планот не ни успеа, вели селекторот на Ерменија, Вардарн Минасјан

Ерменскиот селектор на интересен начин го објасни поразот на неговата селекција од Македонија, во дербито од четвртата група во Д Сегментот од Лигата на Нации.
„Македонија создаде две и пол шанси и ни даде два гола. Фудбалот се игра за голови, а ние не успеавме да постигнеме ниту еден. Смислено им ја оставивме иницијативата и поседот на топка на домаќините, но планот не ни успеа“, вели Вардан Минасјан.
Селекторот на Ерменија на некој начин ни помогна да победиме со 2:0, оставајќи ги стандардните играчи Озбилиз и Пицели на клупата. Тоа беше изненадување за фудбалските познавачи, бидејќи се работи за искусни интернационалци, едни од најдобрите кај нашиот најголем ривал за првото место. Минасјан се пожали и дека пеналот над Пандев беше сомнителен, но ќе мора вината да ја бара кај себе и кај своите играчи.

 

Најнови вести