Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2018

Метеж пред билетара, а трибините празни

Пред самиот почеток на мечот на арената „Филип Втори“ има околу 5.000 гледачи

Македонија против Ерменија го игра првиот меч од Лигата на Нации на свој терен, но на само неколку минути пред почеток на дуелот на арената „Филип Втори“ има околу 5.000 гледачи, кои треба да дадат поддршка на македонската репрезентација во обид да се освои првото место во групата. 
Додека трибините на стадионот се речиси празни, метеж се создаде на делот каде што е билетарницата. Стотици навивачи нервозно стоеја да купат билет за да го проследат мечот кој е еден од најзначајните за „црвено-жолтите“ во четрвртата група во Д сегментот. Ваквата слика со метеж пред билетарата е речиси секогаш на поинтересните средби. Во текот на првите неколку минути, кога влегоа сите оние кои беа пред билетарата, Северна и Јужна трибина пристојно се исполнија.
Македонија и Ерменија имаат по три бода од првото коло. Нашите фудбалери со 2:0 славеа на гости кај Гибралтар, додека Ерменија дома го победи Лихтенштајн со 2:1. 

 

Најнови вести