Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2018

Сите играчи во еден глас скандираа кон Пандев: „Претседателе, претседателе“!

По победата над Ерменија, во соблекувалната на македонската репрезентација беше весело

Горан Пандев по кој знае кој пат покажа зошто е капитен и предводник на фудбалскиот национален состав. Во победата од 2:0 против Ерменија, Пандев најпрво изнуди пенал, а потоа и погоди да ја потврди победата на „црвено-жолтите“. 
По завршување на дуелот, во соблекувалната на македонската репрезентација беше весело. Сите играчи во еден глас го поздравија Пандев, а потоа следуваше скандирање упатено кон капитенот. Сите играчи во еден глас скандираа „Претседателе, претседателе“. 
Со ова, фудбалерите покажуваат кој е вистинскиот лидер на теренот и кој има моќ и способност да биде предводник на големи работи. Пандев не остана должен и веднаш возврати на најдобар можен начин започнувајќи да скандира „Македонија, Македонија“, за да се знае за кого е овој успех по првите две кола во Лигата на Нации на УЕФА. 

 

Најнови вести