Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Дебито на Игуаин за Милан е против Пандев

Првиот официјален меч на Милан во новата сезона е против Џенова. За Џенова игра Горан Пандев, кој со Игуаин беа соиграчи во 2013/2014

Гонзало Игуаин ги мина лекарските тестови во Милан и веќе почна да позира во црвено-црна опрема, предизвикувајќи еуфорија кај фановите на овој клуб. Аргентинскиот напаѓач ќе биде позајмен од Јувентус, но со можност, следното лето, Милан да го откупи договорот и „Пипита“ целосно да стане член на Милан. 
Засега не е обелоденето дали Игуаин веднаш ќе замине во САД и ќе му се приклучи на својот нов тим за пријателската средба против Барселона која се игра ноќта помеѓу сабота и недела. Ако остане во Италија, ќе треба во прво време да работи самостојно, а откако соиграчите ќе се вратат, тој ќе им се приклучи во подотовките за стартот на Серија А. Првиот меч на Милан во италијанското првенство е на 19 август против Џенова, чиј член е македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Игуаин и Пандев беа соиграчи во Наполи во сезоната 2013/2014. Струмичанецот како дете бил навивач на Милан, и сигурно му е мило што неговиот пријател ќе игра таму. Во Милан има упте двајца Аргентинци, Лукас Биља и Матео Мусакио. 

 

Најнови вести