Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2018

Пандев осигура три бода за Џенова, шест од шест за Јуве

Јувентус по обичај ја „гази“ Болоња, убедлива победа на Наполи

Италијанскиот првак Јувентус без поголеми проблеми стигна нови три бода со кои го задржа максималниот учинок во Серија А. Пред своите навивачи славеа рутинска победа над Болоња од 2-0, а Дибала и Матуиди одлучија уште во раната фаза на мечот да ги решат дилемите. Аргентинецот донесе преднос за „старата дама“ во 11-тата минута, а Матуиди зголеми и ги постави конечните 2-0 само пет минути подоцна.
На свое тло победи и Наполи, со убедливи 3-0 ја декласираше Парма. Лорензо Инсиње ја продолжи голгетерската форма и го постигна својот петти погодок сезонава во четвртата минута, а Полјакот Милик во продолжението од средбата два пати стрелаше. Прво погоди во 47-та минута, а потоа и во 85-тата.
Рома конечно се разигра и по четири меча без триумф му се „истури“ на Фросиноне. „Волчицата“ со високи 4-0 ја прекина серијата, а голови реализираа Ундер (2'), Пасторе (28'), Ел Шарави (35') и Коларов (87').
Џенова беше сигурна против Киево со конечни 2-0, а за третиот триумф сезонава допринесе и Горан Пандев. Полската сензација, Кристоф Пјатек со својот шести погодок сезонава го отвори резултатот во 42-та минута, а „Гранде“ Пандев ја осигура победата за домаќините со својот втор гол во 54-тата минута.

РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 6. КОЛО:
Удинезе  - Лацио 1-2
Рома - Фросиноне 4-0
Аталанта - Торино 0-0
Каљари - Сампдорија 0-0
Џенова - Киево 2-0
Јувентус - Болоња 2-0
Наполи - Парма 3-0

Најнови вести