Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Алегри: Не се грижам за Роналдо, тој е среќен кога тимот победува

Предводникот на Јувентус истакна дека нема потреба да се грижи што Роналдо се уште го чека својот првенец во Серија А

Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри, по триумфот од 1-2 над Парма посочи дека нема потреба да се прави голема фама околу голгетерската форма на Кристијано Роналдо. Португалецот вчера упати осум удари кон голот на Парма, но, ниту еден не заврши во мрежата, па така фановите на Јуве, цела Италија, па и светот се уште го чека првиот гол на Кристијано во дресот на „старата дама“.

„Воопшто не се грижам што Роналдо повторно не даде гол. Повторно ќе посочам, и на најдобриот играч во светот му е потребно време да се прилагоди на нова средина и различен стил на игра. Допрва следува најдоброто од него, јас знам дека тој е среќен кога тимот победува и без тој да погоди“, истакна Алегри.

Следува интернационална пауза, а Роналдо одлучи да не игра за својата репрезентација, времето ќе го посвети на подготовки за претстојниот период од сезоната, односно почетокот на новото издание во Лигата на шампиони.


 

Најнови вести