Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2018

Брзо се покајаа: Премиерлигашите ќе го враќаат стариот преоден рок

Иако од оваа сезона ФФА воведе ново правило околу летните трансфери на премиерлигашите по иницијатива клубовите, раководствата на клубовите брзо се покајаа откако не видоа никакви придонеси.

Од оваа сезона премиерлигашките клубови имаа можност да се пазарат за фудбалери само до почетокот на првенството. Ова правило беше воведено по иницијатива на самите клубови, но сега раководствата сакаат да го вратат стариот формат на преодниот рок, односно да можат да купуваат засилувања до 31-ви август.

Англиските медиуми известуваат дека клубовите не видоа никакви придонеси со новото правило, па сега ќе се обидат да го вратат претходното решение. Кон крајот на овој месец ќе биде одржан состанок, на кој ќе биде потребно еден клуб да предолжи да се врати стариот термин, додека 14 клубови ќе треба да го поддржат овој предлог. Доколку овие услови се исполнат, управата на Премиер лигата ќе нема друг избор освен да го отстрани новото правило.

Најнови вести