Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2018

Ангеловски: Задоволен сум, но најважно е на крајот да сме први

„Се тоа што го подготвувавме, момците го направија на терен. Не е се готово“, вели селекторот на Македонија

Перфектен биланс од две победи без примен гол е причина за задоволство на селекторот Игор Ангеловски, по триумфот на Македонија против Ерменија од 2:0. Популарниот Мрме потенцира дека играчите си ја завршиле работата, но дека има уште многу да се игра за да се стигне до крајната цел, а тоа е да се остане на првото место во групата.
„Задоволен сум од победата од 2:0. Влогот е преголем во ова натпреварување за да не одиграме на резултат. И на првиот меч во Гибралтар и сега го направивме тоа. Се тоа што го подготвувавме, момците го направија на терен. Не е се готово. Има уште 4 меча и мора да одиме од меч во меч. Има реванш и во Ереван, претходно меч со Лихтенхтајн дома. Најважно е на крајот да бидеме први на табелата. Можеше да дадеме и трет гол, но и да примиме погодок, па затоа сум задоволен од 2:0. Им честитам на момците“, рече Ангеловски на прес конференцијата веднаш по завршување на мечот. 

 

Најнови вести