Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2018

Мхитарјан: Не ми одеше против Лихтенштајн, ќе биде подобро против Македонија

Хенрих Мхитарјан не беше во препознатлив елемент против Лихтенштајн, за малку ќе беше трагичар кај Ерменците, но вели дека ќе биде подобро против Македонија, во недела, во Скопје.

Хенрих Мхитарјан промаши пенал против Лихтенштајн, еднаш ја погоди и рамката на голот на Бихел и признава дека не одиграл на препознатливо ниво на стартот од Лигата на нациите, но верува дека ќе биде подобро на дербито со Македонија, во недела во Скопје.
„Едноставно не беше мој ден. Не ми одеше како што посакував, но, за среќа, победивме. Секој меч ќе биде тежок за нас, бидејќи во Лигата на нациите се можни изненадувања и пресврти. Се надевам дека ќе одиграм многу подобро веќе на следниот меч против Македонија“, изјави играчот на Арсенал и на ерменската селекција.
Популарниот Мики промаши пенал во 69-тата минута од дуелот со Лихтенштајн при резултат 1-1, но, за негова среќа, вардаровиот фудбалер Тигран Барсегјан погоди за победа од 2-1 седум минути подоцна.
Ерменија неочекувано тешко го победи аутсајдерот Лихтенштајн во Ереван, па сега го очекува дербито во четвртата група од Сегментот Д против Македонија. Двомечот на овие две селекции, најверојатно, ќе ја разреши дилемата која репрезентација ќе продолжи да игра за место на Европското првенство во 2020 година.
Само победниците на четирите групи ќе имаат шанса да го освојат Сегментот Д и како шампиони во најслабата зона да обезбедат настап на ЕП.

 

Најнови вести