Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2018

Гриезман: Не е лесно да се одбие Барселона, но во Атлетико се чувствувам како дома

Французинот проговори за пропаднатиот трансфер во Барселона

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гриезман, во текот на летото беше на прагот да потпише за шпанскиот првак Барселона, но, Французинот одлучи да остане верен на „јорганџиите“ од неколку причини.

„Атлетико направи сѐ што можеше да ме задржи. Тие навистина се трудеа да се чувстувам удобно и сакано во клубот, управата доведе неколку засилувања со кои станавме уште поквалитетна екипа. Знам дека е тешко да му кажеш „не“ на клуб каков што е Барселона, но, ете јас го сторив тоа и знам дека не згрешив, во Мадрид се чувствувам како да сум дома. Во Атлетико имам многу позначајна улога, каква што никогаш не би имал во Барса“, посочи францускиот офанзивец, кој летово стана светски првак со „триколорите“.


 

Најнови вести