Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2018

Навивачи на Барселона сакаат Пике да се пензионира

Фановите се лути на грешките кои ги направи дефанзивецот на дуелот против Леганес.

Централниот дефанзивец Жерард Пике до пред два-три дена беше еден од омилените играчи на навивачите на Барселона. Речиси беше незамисливо да се види одбранбениот ред без Пике во него. Сепак, сега работите се менуваат. Пике беше еден од најслабите на теренот во дуелот против Леганес.
Иако Барселона беше голем фаворит на гостувањето кај тимот кој сезонава ќе се бори за опстанок, на крајот загуби. Каталонците водеа со 1-0 на полувремето, а во вториот дел Леганес само за 68 секунди, даде два гола. Најголем виновник за овој пораз е Пике, поради грешките кои ги направи по кои противникот даде гол.
За среќа на Барселона, овој пораз засега не значи премногу, бидејќи таа остана лидер во Примера дивисион. Сепак, дел од револтираните навивачи на Барселона преку социјалните мрежи побараа Пике да се пензионира, односно дека е доволно од него и треба да биде сменет од тимот.
Засега тренерот Ернесто Валверде не реагира на слабата игра на Пике и сигурно дека нема да ги послуша екстремните фанови. Пике има 31 година и сигурно не ни размислува да оди во пензија, туку да ја подобри формата и повторно да ги придобие симпатиите кај навивачите на каталонскиот гигант.

Најнови вести