Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Фановите на Хирона ќе одат гратис до САД

Доколку Хирона и Барселона играат меч од шпанската лига во Мајами, помалиот каталонски клуб ќе им обезбеди гратис авион на своите поддржувачи

Ако се реализира најавената идеја, натпреварот од шпанското првенство помеѓу Хирона и Барселона да се игра во јануари во Мајами, управата на клубот кој ќе биде официјален домаќин (Хирона) на своите фанови им вети дека ќе им обезбеди бесплатен авионски превоз до САД. 

Сите транспортни трошоци ќе им бидат платени на фановите, а доколку не сакаат веднаш да се вратат со авионот дома, туку цел викенд да минат во јужна Флорида, за целиот аранжман ќе треба да платат 600 евра. Резервацијата е за сместување во хотел со 4 ѕвездички. 

На 23-ти септември, Хирона треба да гостува кај Барса на „Камп ноу“, клубот доби 5.000 билети, и веројатно ќе го пополни тој дел бидејќи клубот, исто так нуди гратис превоз или попуст од 20 отсто за годишните билети.

Тие фанови што нема да ги искористат промоциите ниту за патување до Мајами, ниту до Барселона, ќе добијат 40 проценти попуст на годишната цена на клупската членска картичка. 

Најнови вести