Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2018

Барселона го избриша името од своето лого

Каталонците од сезоната 2019/20 на дресот ќе имаат нов грб, во кој ќе ја нема кратенката ФКБ.

Портпаролот на Барселона, Жозеп Вивес, го обелодени новото, како што велат во клубот, модерно лого. Новиот амблем за три недели ќе треба да биде одобрен од собранието на клубот, пред и официјално да го замени сегашното кое се користи од 2002 година наваму.

Барселона во својата 119-годишна историја имала 10 различни лога, а новото, 11-то по ред, ќе се разликува од претходните девет по тоа што ќе ги нема трите букви ФКБ што е кратенка од Фудбалски клуб Барселона, како што е името на спортското друштво.

Само на првото лого од 1899 година немаше букви, а од 1910 наваму, сите логоа се слични. Новина е и тоа што во долната половина сега има пет потесни линии, додека во новото ќе има пет подебели линии.

Помалите измени се бришењето на црните линии, кои сега се како граница на трите симболи, а и онаа старовремска топка ќе биде за нијанса поголема.

Најнови вести