Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2018

Меси се потпиша на телото на навивачот кој има тетоважа од Аргентинецот

Ова дефинитивно е најсреќниот ден за овој фан на Лео

Лионел Меси е фудбалерот кој веројатно има најмногу фанови во целиoт свет. Аргентинецот се сретнал со најразлични типови кои го обожуваат, но сигурно ретко кога имал можност да се потпише на телото на навивачот кој целиот е тетовиран во чест на Лионел Меси.
Навивачот стоеше во редот заедно со останатите фанови, но беше посебен. Соблечен без маица го покажуваше целиот грб како е тетовиран во чест на Меси. Кога Аргентинецот дојде до него, не можеше да не застане и да не се изначуди на тоа што го гледа. Зема еден маркер и стави автограм на грбот на навивачот.
Пресреќниот фан на Меси сега нема да смее да се мие ако сака што подолго да му остане автограмот даден од неговиот омилен играч.

Најнови вести