Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2018

Барселона победи во Лондон, Наполи се израдува во 90 минута

Возбудливи беа двете дерби средби кои вечерва се играа во второто коло од Лигата на шампиони

Лионел Меси повторно беше главен играч на Барселона, во победата на гости од 4:2 против Тотенхем, во второто коло од Лигата на шампиони. Аргентинецот даде два гола, а по еднаш прецизни беа Кутињо и Ракитиќ. 
Наполи со гол во 90 минута стигна до победа во второто дерби на вечерта, против Ливерпул. Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд не дозволија да киксираат на свој терен и освоија по три бода.
Атлетико Мадрид - Бриж 3:1
Борусија Д. - Монако 3:0
Наполи - Ливерпул 1:0
Порто - Галатасарај 1:0
ПСВ - Интер 1:2
Тотенхем - Барселона 2:4
Локомотив М. – Шалке 0:1
ПСЖ – Црвена Ѕвезда 6:1

Најнови вести