10.9.2018 Според новата листа на ЕХФ: Вардар не е меѓу Топ 10 клубовите во Европа
Шампионот на Европа од пред две години повеќе не е меѓу најголемите конкуренти за европската титула.
Пред почетокот на секоја нова сезона во ракометната Лига на шампиони, ЕХФ објавува ранг-листа на десетте клубови кои имаат нјаголеми шанси да го освојат посакуваниот пехар. По подолго време, македонскиот шампион Вардар не е во топ 10 тимовите за оваа сезона, иако пред две години „вардарци“ беа на врвот на Европа.
Сепак, овој податок и не е големо изненадување особено по големите промени кои ги претрпе клубот по завршувањето на ланската сезона. Замина „командантот“ Раул, а по него, од Скопје си заминаа и неколку од главните адути, како Канелјас, Македа, Штербик, Циндриќ, Абутовиќ...
Според новата листа на ЕХФ, најдобар клуб во Европа и со најголеми шанси за освојување на Лигата на шампионите е актуелниот бранител на трофејот Монпелје, додека по него следува Рајн Некар Левен, каде што настапува нашиот репрезентативец Филип Талески. Следуваат: ПСЖ, Фленсбург, Барселона, Мешков Брест, Нант, Пик Сегед, Веспрем и Кјелце.
Вардар на минатиот Фајнл фор не успеа да ја одбрани титулата, загуби во полуфиналето од Монпелје, а потоа заврши на четвртото место по поразот од ПСЖ.