Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2018

Реал „смрзна“ во Москва, Рома го згази П’лзен, нула во Манчестер

Европскиот шампион загуби на гостувањето кај ЦСКА, реми одиграа Баерн, Јунајтед, Лион...

Актуелниот европски првак Реал Мадрид, претрпе минимален пораз од 1-0 на гостувањето во Москва против ЦСКА. Младиот хрватски интернационалец, Никола Власиќ уште во втората минута од средбата ја затресе мрежата на Навас, а „кралевите“ не успеаја да го совладаат Акинфеев во остатокот од мечот.

Баерн Минхен и Ајакс ремизираа на „Алијанц“ арена при конечни 1-1. Дефанзивецот на „баварците“, Матс Хумелс донесе водство за домаќините во четвртата минута од средбата, додека младиот Мазрауи, во 22-та минута го постигна својот прв гол за Ајакс во Лигата на шампионите и израмни на 1-1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Во Рим пукна „петарда“, Рома ја совлада Викторија П’лзен со 5-0. Џеко посигна хет-трик (3′, 40′, 92′), додека Ундер и Клајверт во 64-тата, односно 73-тата минута од средбата ги решија дилемите на „Олимпико“.

Средбата на „Олд трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Валенсија е единствениот натпревар на кој не се постигна ниту еден гол. Мечот заврши 0-0.

РЕЗУЛТАТИ ВТОРО КОЛО ЛШ:

ЦСКА Москва – Реал Мадрид 1-0

Баерн Минхен – Ајакс 1-1

Рома – Викторија П’лзен 5-0

АЕК Атина – Бенфика 2-3

Манчестер јунајтед 0-0

Олимпик Лион – Шахтар Доњецк 2-2

Најнови вести