Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Меси: Ме изненади трансферот на Роналдо, Јувентус сега е фаворит во Лигата на шампионите

Петкратниот освојувач на Златната топка вели дека преселбата на Кристијано Роналдо во Јуве не ја очекувал, додека со мегатрансферот ја фаворизира „старата дама“ во трката за трофејот во Лигата на шампионите

Девет години траеше ривалството меѓу Меси и Роналдо во Шпанија, но Португалецот стави крај на „војната“ со преселбата во Италија, односно во Јувентус. Славниот Аргентинец смета дека со заминувањето на Роналдо, Реал е послаб конкурент во однос на останатите екипи за освојување на титулата во најелитното европско клупско натпреварување, додека Јувентус со Роналдо има најголеми шанси да го освои шампионскиот пехар.

„Реал Мадрид има многу квалитетна екипа и, секако, се едни од најдобрите во светот, но фактот дека сега се без Кристијано Роналдо, ги прави многу послаби конкуренти, додека Јувентус сега е фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Кристијано многу ме изненади со неговата одлука да го напушти Мадрид, а уште повеќе ме изненади изборот на неговиот следен клуб. Знам дека многу клубови се интересираа за него, но Јувентус не се споменуваше меѓу тие клубови. Сепак, тој направи вистински избор, бидејќи Јуве и пред него имаше квалитетен состав“,изјави Лионел Меси во интервју за каталонското радио „Тот коста“.

„Кралевите“ и без Роналдо имаат максимален учинок на стартот во новата сезона во Ла Лига, со 9 бода од три меча, исто колку и Барселона.

Најнови вести