Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2018

Меси: Ќе се бориме за сите трофеи

Аргентинската ѕвезда сјаеше најсилно на „Вембли“.

Се разбуди Барселона во вистински момент и му даде четири гола на Тотенхем на „Вембли“. Меси одново беше клучен играч за Каталонците, Аргентинецот го отвори и го затвори мечот со два гола, беше инспиратор за победата. Ѕвездата на шпанскиот првак истакна дека не е лесно да се победи екипа како Тотенхем пред нивна публика, особено што тимот поседува многу квалитетни играчи, а додаде дека Барса ќе се бори за секој трофеј за којшто се натпреварува сезонава.

„Бевме свесни за лошите резултати кои ги остваривме во последно време, имавме голем притисок, но покажавме карактер во вистински момент. Не е лесно да оствари победа на гости во Лигата на шампионите, особено кога играш против квалитетен тим каков што е Тотенхем. Игравме одлично, посебно во првото полувреме, и задоволни сме што со победа си заминавме дома. Лигата на шампионите е сон за секој играч, но ние нема да се бориме само за овој трофеј, сакаме сите да ги освоиме сезонава, да бидеме најдобри и во шпанско првенство и во Купот“, истакна Меси.

Меси одлично ја започна кампањата во новата сезона во елитното европско натпреварување, по два меча реализираше пет погодоци, хет-трик постигна во првиот натпревар против ПСВ, во победата од 4-0 на „Камп ноу“. Во својата кариера два пати ја има освојувано тројната круна, во 2009 и 2015 година, а со оваа изјава Меси најави дека посакува уште еден таков успех.

Најнови вести