Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Ливерпул, ПСЖ и Наполи доаѓаат во Белград како дел од ЛШ

Српскиот првак Црвена ѕвезда ќе игра во групната фаза против три квалитетни противници

На церемонијата во Монако денеска беа извлечени осумте групи во Лигата на шампионите. Вкупно 13 клубови кои знаат како е да се биде најдобар во Европа беа дел од извлекувањето и сезонава ќе се борат за најзначајниот трофеј. 
Групната фаза ќе започне на 18-ти септември. Некогашните ѕвезди Диего Форлан и Рикардо Кака беа дел од ждрепката, а ова се осумте групи во ЛШ:
Група А: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Монако, Бриж.
Група Б: Барселона, Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Интер. 
Група Ц:  ПСЖ, Наполи, Ливерпул, Црвена ѕвезда.
Група Д: Локомотив Москва, Порто, Шалке, Галатасарај.
Група Е: Баерн Минхен, Бенфика, Ајакс, АЕК Атина
Група Ф: Манчестер сити, Шахтар Донецк, Олимпик Лион, Хофенхајм.
Група Г: Реал Мадрид, Рома, ЦСКА Москва, Викторија П“лзен.
Група Х: Јувентус, Манчестер јунајтед, Валенсија, Јанг бојс.

 

Најнови вести