07.9.2018 Maрадона ќе тактизира во Мексико
Легендарниот Аргентинец со нов тренерски ангажман
Диего Марадона ќе биде тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос откако клубот ја потврди соработката преку својата официјална веб-страница. Клубот, кој е формиран во 2003 година, ќе има тренерска легенда на клупата, а го заменува Франциско Гамез.
Марадона остана без ангажман откако го напушти клубот од Обединетите Арапски Емирати, Ал-Фуџаирах во април. Од неодамна потпиша и тригодишен договор со Динамо Брест, каде што ја извршува функцијата претседател на овој клуб.