Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Играчите во Серија А ќе поделат 1,1 милијарди евра за плати

Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во Италија

Како најголема ѕвезда во италијанската Серија А, нормално е дека Кристијано Роналдо е и најплатен во италијанскиот фудбал. „Газета дело спорт“ ги откри платите на сите играчи во калчолигашите. Според пресметките, клубовите ќе дадат 1,1 милијарди евра за плати на фудбалерите. 
Роналдо е предводник на листата со 31 милиони евра заработка по сезона, што е повеќе од три пати од платата која ја добива Гонзало Игуаин во Милан (9,5 милиони евра). Трет на листата е Пауло Дибала од Јувентус со седум милиони евра по сезона. Дури шест од најскапоплатените 10 играчи во Серија А се од редовите на италијанскиот првак. Тука се Миралем Пјаниќ, Даглас Коста, Емре Џан и Леонардо Бонучи. Капитенот на Интер, Мауро Икарди, го затвора кругот на Топ 10 со 4,5 милиони евра по сезона. 
Очекувано, Јувентус е тимот кој ќе потроши најмногу пари за плати, а потоа следуваат Милан, Интер, Рома и Наполи. Најмал буџет за плати има екипата на Емполи. 

 

Најнови вести