02.9.2018 Пандев даде еден од осумте гола на Сасуоло – Џенова
И оваа сезона Серија А не може да помине без погодок на капитенот на македонската репрезентација
Горан Пандев даде гол за Џенова на гостувањето кај Сасуоло, но сепак неговиот тим загуби со 5:3, во најефикасниот меч сезонава во Серија А. Пандев беше стартер за Џенова, а погодои во 70 минута кога намали на 5:2.
Интересно е што гостите од Џенова први погодија преку Питек во 27 минута, но Сасуоло многу брзо жестоко возврати. До крајот на првото полувреме, домаќините дадоа дури четири гола и стигнаа до убедлива предност од 4:1.
Второто полувреме беше само формално, но навивачите имаа можност да видат уште три гола, а на крајот Сасуоло се радуваше на победата.
Во останатите вечерашни мечеви: Аталанта дома загуби од Калјари со 0:1, Киево и Емополи ремизираа без голови, а на Лацио му беше доволен голот на Алберто во 49 минута за да се радува против Фросиноне.
Сампдорија без никакви проблеми со 3:0 го победи Наполи, иако гостите беа големи фаворити пред средбата,