Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Неверојатно колку Серија А е посилна од Лига 1

Ова го тврди Хавиер Пасторе кој летово дојде во Рома

Рома и Аталанта одиграа возбудлив меч со шест гола и без победник на крајот. „Римската волчица“ беше апсолутен фаворит на овој меч пред своите гледачи, треба да е задоволна и со еден освоен бод. 
Рома поведе со 1:0, а потоа следуваа три гола на гостите. До крајот римјаните сепак успеаа да се спасат од пораз и на крајот дуелот заврши 3:3. Хавиер Пасторе е една од најголемите ѕвезди на Рома. Тој во летниот преоден рок дојде од тимот на Пар Сен Жермен и лично се увери колку е силна италијанската Серија А.
„Неверојатно колку италијанското првенство е посилно од француската лига. Првите два меча што ги одиграв беа толку многу тешки. Среќе сум што дадов гол и тоа убав гол. Дојдов тука да играм бидејќи тренерот верува во мене и во моите квалитети“, рече Пасторе по синоќешниот дуел на „Олимпико“. 

 

Најнови вести