Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Симоновски кога погодува, Сепси победува

Марко Симоновски повторно беше во елемент и погоди за победа на Сепси во романското првенство

Единствениот македонски интернационалец во Романија, Марко Симоновски, го постигна победничкиот гол за Сепси во победата против Калараши во седмото коло. Симоновски погоди во третата минута, а тој гол го одлучи победникот. За нашиот интернационалец ова е втор погодок во новото првенство на Романија. Сепси засега игра одлично и по 7 натпревари, се наоѓа на третата позиција со 11 бодови. Пред тимот на Симоновски се само главните кандидати за титулата ФЦСБ, поранешна Стеауа и шампионот Клуж.
Симоновски ја игра втората сезона за Сепси и е еден од најдобрите играчи и стрелци на тимот.

 

Најнови вести