Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2011

Скандал поради примање мито во Романија

Васил Аврам, претседателот на Здружението на фудбалските судии на Романија, е уапсен под сомнение дека примил мито во вредност од 19 илјади евра, соопштија романските власти.

Обвинителството соопшти дека бизнисменот Сорин Јоан Тербеа му дал пари на Аврам за да биде сигурен дека „договорените“ судии ќе бидат назначени за натпреварите коишто ќе ги игра прволигашот Таргу Муреш во текот на оваа сезона.
Судот на Аврам му одреди притвор од 29 дена, а обвинителството наведе дека освен пари, претседателот на Здружението на фудбалските судии бесплатно го користел и хеликоптерот кој му припаѓа на Сорин Тербеа.

Најнови вести