Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2016

Паје: Некој да ми кажеше минатата година...

Димитри Паје е јунакот на победата на Франција против Романија (2-1), и изјави дека не би му верувал некој пред година дена да му кажел што ќе доживее за 365 дена.

„Поминавме низ голем притисок и стрес, но најважно е дека на крајот победивме. Некој да ми кажеше пред една година што ќе се случува, немаше да му верувам, Можевте да видите колку ми значеше голот“, изјави крилниот напаѓач на Вест хем, кој заплака по спектакуларниот погодок во 89-тата минута.
„Галските петли“ не блескаа на отворањето на Европското првенство во својата татковина, но сепак на крајот успеаја да ги освојат сите три бодови против одличната Романија.
„Знаевме дека ќе биде многу тешко, што можеше да се види и во првите 15 минути. Но сепак успеавме да ја преземеме контролата против тимот кој добро се бранеше. Секогаш пронаоѓајќи начин да ја сопре топката која ќе ја шутнеме да не влезе во голот, секогаш се појавуваше ’уште една нога’. Покажавме дека знаеме како се доаѓа до победата, а би сакал да ѝ се заблагодарам на публиката, сега многу порелаксирано влегуваме во продолжението на шампионатот. Овој натпревар е вистински доказ дека на Европските првенства нема лесни натпревари и добро е што не славевме поубедливо бидејќи ќе се олабавевме“, заклучи Паје.
Следната средба на Групата А на програмата е за денес од 15:00 часот, кога ќе се сретнат Швајцарија и Албанија

Најнови вести