Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2018

Мурињо: Финалето го реши погрешното толкување на ВАР

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека смета дека Хрватска е оштетена во финалето на Светското првенство во Русија.

Хрватите изгубија од Франција со 4-2, а клучниот момент на натпреварот се случи во 38-мата минута, кога судијата Нестор Питана по консултацијата со системот ВАР, досуди пенал поради тоа што Иван Перишиќ одигра со рака во својот казнен простор.
„Четири милиони Хрвати и нивните 23-ца играчи (поточно 22-ца) ќе бидат многу, многу разочарани бидејќи на полувремето подобриот тим губеше 2-1, и тоа поради погрешно применување на ВАР, односно погрешно толкување на неговиот концепт. Не велам дека беше или не беше пенал. За тоа секој може да има свое мислење. Работата е во тоа што концептот на ВАР е да ги поправа важните судиски одлуки, а во овој случај не беше така и тоа е многу, многу разочарувачко“, изјави Мурињо.
На Мурињо, кој инаку потенцира дека е голем поддржател на ВАР и изјави дека на ова првенство се докажала неговата нужност, му било јасно кој ќе победи откако Франција повела со 2-1.
„Жал ми е што на полувремето не се отиде со резултат 1-1, туку со предност на екипата која дојде до неа така што овој натпревар во историјата ќе биде запаметен како финале на голот на ВАР. Во второто полувреме се случи очекуваното. Франција постигна два гола и го сведе натпреварот кон крај. Хрватска до крајот играше со голема гордост. Фантастична е и ги заслужува сите пофалби за она што го направи. Но во фудбалот важна е победата и Франција е светски шампион“, изјави Мурињо.

Најнови вести